Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Си смислиле нов трик и тоа токму сега во предвечерјето на скопските родителски и студентски протести за правда

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 28, 2025 21:19
Зоран Иванов

Која ли дрскост.

Обвинителот кај него во обвинителството ги кани родителите на загинатите деца во трагедијата кочанска.

Го прави тоа откако кочанчани од Кочани протестите ги селат и во Скопје.

Од Кочани во Скопје каде што утре, без сомнение, ќе се триплира или квадрира граѓанската масовност.

Каде што и студентите најавија солидарност во протестот на мајките и татковците. Солидарност со родителите кои бараат правда.

И кој ли наивен ќе поверува дека идејата за родителите во обвинителството е откај обвинителството.

Зарем навистина и власта и обвинителството си мислат, си се убедуваат себе си дека јавноста и кочанска и македонска не ја гледа нивната симбиоза во досегашниот тек на истрагата.

Истрага што ја шират и што ја растегнуваат до цела и згора деценија наназад.

Истрага која опфати се и секого освен најнепосредно надлежните присутни надвор и внатре во кобната кочанска ноќ.

Родителите не бараат кафе. Правда бараат. Правда.

Сатисфакција за животите на своите чеда. Само тоа. Само утеха за своите од болка распорени души.

Затоа и прашање за обвинителството. За правда е или за власта е?

Прашање кое тлее во јавноста и кое се погласно забрмчува по граѓанските социјални мрежи.

Прашање кое од ден на ден станува погласно и во малкуте слободни па дури и во оние повеќе или помалку од власта подзгазнати медиуми.

Оттука, наспроти неговите декларациите, се множат дилеми за тоа на чија страна е обвинителот? За правдата е или за власта е?

Обвинителот. Оној кој наместо да ја фокусира, ја дисперзира истрагата. Оној истиот, оној од власта инкриминараниот до трагедијата во кочански Пулс и оној од власта аболицираниот по трагедијата во кочански Пулс.

Истиот тој е од пред најтрагичната трагедија во поновата македонска историја и истиот е тој по најтрагична трагедија во поновата македонска историја.

Оној кој наместо родителите да ги чува за сведоци за на суд, бесцелно си ги кани кај него во обвинителските одаи да ги мафтосува со правни гачки.

Си смислил или си смислиле нов трик и тоа токму сега во предвечерјето на скопските родителски и студентски протести за правда.

Но, ајде, ќе си решат родителите. Можеби ќе излезе и добра и прифатлива= идејата родителите да појдат во обвинителството. Можеби.

Ама можеби би било уште подобро, поадекватно, ако обвинителот поканата ја преадресира.

Ако наместо родителите, таму кај него, во неговите кабинети, на средба си ја повика власта.

Не родителите туку власта.

А кај родителите, таму кај нив, во градот на нивните загинати чеда, во нивните трауматични домови, поканет или непоканет, сеедно, таму, да проба, да појде Тој.

Зоран Иванов кочанска обвинителств родители Трагедија трик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.