Сојузот на синдикати на Македонија денеска Меѓународниот ден на трудот 1 Мај го одбележува со протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.
Протестот почнува во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.
Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада, повика Трендафилов.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот.