Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна изградбата на новиот автопат Тетово – Гостивар

0
By Marija Todorovska on May 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 3, 2025 16:29

Со пригодна церемонија и присутво на владиниот врв, се означи почетокот на работите на автопатoт Тетово-Гостивар, кој е дел од Коридорот 8. Според најавите оваа автопатската делница долга 17,5 километри ќе чини околу 90 милиони евра, а се предвидува да биде готова за две ипол години. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување. Проектот за изградба опфаќа и девет натпатници од кои – 8 натпатници за поврзување на локалните патишта, еден натпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште и реконструкција на клучката за излез од Тетово.

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето напомена дека со почетокот на работите се испраќа најсилниот одговор на сите скептици и, како што потенцира дека не ветувале празно. Тој ја истакна важноста на овој проект за поврзување со другите држави.

Како земја којашто за жал не излегува на море, секогаш кога разговаравме во рамките на Владата ни беше предизвик да изнајдеме која е нашата стратешка предност во однос на сите оние земји во регионот и пошироко во Европа, и тогаш многу едноставно дојдовме сите заедно до еден заклучок, а тоа е дека како држава сме единствените можеби коишто имаат потенцијал да бидат дел од пан-европски коридори. Првиот е овој од кој денес се обраќаме, а тоа е Коридорот 8, вториот е Коридорот 10. Коридорот 8 којшто ги поврзува Јонското и Јадранското море со Црното море, Коридорот 10 којшто го поврзува во овој дел од Европа, средоземјието со Централна Европа, но и Коридор 11 којшто поминува во нашето источно соседство, рече премиерот Мицкоски.

Тој напомена дека со една отсечка којашто ќе ги поврзува Коридорот 10 и Коридорот 11, Македонија станува земја којашто ќе биде директно поврзана со сите пристаништа во овој дел на Европа и ќе биде значајна алка на јужното крило на НАТО.

Випцепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на настанот во своето обраќање напомена дека оваа делница има голема важност за жителите во полошката котлина и побезбедно движење во сообраќајот.

Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома. Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови, рече вицепремиерот Меџити.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во обраќањето напомена дека со формирањето на Владата за една година значјано е зголемен бројот на спроведени експропријции на парцели на трите делници. Планот, како што посочи Николоски е до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10д од 65 до 68 километри.

Во април 2025 година имаме 2.497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово-Гостивар од 17,5 километри, на Гостивар – Букојчани 14,7 километри и Прилеп – Битола 29 километри, рече Николоски.

Џош Бејкер преставникот на „Бехтел и Енка“ во обраќањето ги изложи предвидените зафати.

Овој регионален пат ќе се заврши прв за да се овозможат преусмерувања на сообраќајот и за да се сведе нарушувањето на текот на сообраќајот на минимум додека се гради автопатот. Имаме употреблив пристап за градежни работи на локациите на повеќе од 20 километри од трасата. Работиме заедно со ЈПДП и со властите за да го прошириме ова уште повеќе и да имаме пристап до повеќе од 50 километри до крајот на месец јуни, рече Бејкер.

Тој напомена дека градежните работи сега се во тек по должина на 3 од 4 делници, а планирањето напредува за сите 4 делници. До денес завршени се 1,9 милиони кубни метри ископување и 22.000 кубни метри бетон.

На настанот се обратија и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

автопат Гостивар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.