Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Иванов: Во новинарството најважен е личниот новинарски и авторски дигнитет

0
By Marija Todorovska on May 3, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 3, 2025 16:37

Не знам дали веќе има уредник со професионален новинарски дигнитет. Потчинетоста на уредниците натаму се пренесува во редакциите и се пресликува во новинарските продукти па, наместо новинарство, имаме пропагандни информативни програми.

Дестан Јонузи

„Во новинарството најважен е личниот новинарски и авторски дигнитет. Без таа карактерна црта не може да се очекува професионално новинарство“, вели Зоран Иванов- долгогодишен новинар и политички аналитичар, сега главен уредник на НоваТВ, во изјава за Фронтлајн, по повод 3-ти мај Светскиот ден на слободата на медиумите.

ФРОНТЛАЈН: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

Зоран Иванов: Социјална, аматерска, навивачка, полтронска, исполитизирана, изманипулирана. Голем дел од вината за неколкуте горни атрибути е во самите медиуми. Во уредничките состави, пред сè.

Во главните уредници најмногу. Тие го диктираат медиумскиот амбиент. Ниту сопствениците, ниту политиката туку главните и одговорни уредници кои без поговор ги аминуваат и ги претвораат во медиумски продукти сигналите што ги емитираат медиумските газди.

ФРОНТЛАЈН: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Зоран Иванов: Во последнава декада, две посебно, не можам да се сетам дека некој уредник ја напуштил редакцијата поради несогласување со сопственикот, а бранејќи ги професионалните новинарски стандарди.

Не можам да се сетам на име на Главен уредник на национаниве ТВ, на пример, кој ја напуштил функцијата поради тоа што одбил да се адаптира на политичките или на бизнис интересите на своите претпоставени.

Не знам дали веќе има уредник со професионален новинарски дигнитет. Потчинетоста на уредниците натаму се пренесува во редакциите и се пресликува во новинарските продукти па, наместо новинарство, имаме пропагандни информативни програми.

И во сето, најжалното е не само што се прифаќаат диктати на сметка на стандарди, туку жалното е што уредниците и соработниците самите им се поттураат на сопствениците за да им ги реализираат нивните агенди од интерес.

ФРОНТЛАЈН: Кои се Вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Зоран Иванов: Во новинарството најважен е личниот новинарски и авторски дигнитет. Без таа карактерна црта не може да се очекува професионално новинарство.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Зоран Иванов новинарство уредници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.