Белград: Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, јавија српски медиуми, но засега нема потврда од Кабинетот.
Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.
Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за руски медиуми дека стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна.
„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети мислења и за состојбата на Западен Балкан“.
Пред да замине за Москва, Вучиќ претпладнето во Белград имаше средба со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко.