Published: Wednesday, April 8, 2015 21:49
Осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013-та, Џохар Царнаев е прогласен за виновен по сите обвиненија, за што може да добие и смртна казна, јавуваат американските медиуми.
Од 30-те точки во обвинението, 17 носат смртна казна, а поротата сега треба да одлучи дали ќе го осуди на смрт.
Висината на казната на Царнаев, кој пресудата ја ислушал без никаква видлива реакција, ќе биде соопштена подоцна.
Според неговата одбрана, Џохар ја признава вината но дејствувал под влијание на неговиот братт Тамерлан, кој пак беше убиен во престрелката со полицијата.
Браќата Царнаеви на 15 април 2013 година поставија бомби од кои загинаа тројца, а беа повредени 170 луѓе за време на Бостонскиот маратон.




