Published: Thursday, April 9, 2015 11:26
Претседателот на Иран, Хасан Рохани ја повика Саудијска Арабија да престане со бомбардирањата врз Хутите во Јемен. Според него Јемен нема да може да ги издржи бомбардирањата.
– Треба сите да размислуваме за прекин на војната и на огнот, и дозволете ни да ги седнеме Јеменците на преговарачка маса како би донеле одлуки за иднината, изјави Рохани.
Саудијска Арабија и коалицијата од четири други земји веќе неколку недели ги напаѓаат позициите на Хутите, кои се обидуваат да ги истераат од Јемен.
При нападите настрада и голем број на цивилно население.
Хутите се сметаат за сојузници на Иран, додека пак земјата на Рохани ги негира обвинувањата дека таа ги вооружува борците кои се непожелни во Јемен.




