САД нема да седи со скрстени раце кога знае дека Иран ги вооружува шиитските бунтовници во Јемен, во време кога целиот регион е дестабилизиран, предупреди државниот секретар Џон Кери.
– Иран треба да знае дека САД нема да седат со скрстени раце, кога целиот регион е дестабилизиран и се води отворена војна со преминување на меѓународните граници. Ние ги локализиравме летовите на иранските авиони кон Јемен, изјави Кери.
Коалицијата на сојузници на Вашингтон, предводена од Саудиска Арабија, веќе две недели води борбени дејства против Хутите сојузник е Иран.
Саудиската интервенција во заштита на сунитските власти не е санкционирана од ОН.
Денеска, претседателот на Иран, Хасан Рохани повика на прекин на огнот на Саудијска Арабија и седнување на маса на Јемен, бидејќи според него, земјата нема да ги издржи обвинувањата.




