Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само по себе правото не е правда

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 13, 2025 18:47

Дури и демократијата се мери со висина на казните – еден од индикаторите. Значи ние сме на ниско цивилизациско ниво, (возење без дозвола, поминува на црвено, под дејство на алхохол), значи правна свест како во среден век. Тешко му било на судот во случајот, под притисок на јавноста, која не случајно е разбудена – масакр по улиците. Значи самиот општествен контекст ја подига казната.

Јасна Бачовска

Секако дека случајов “12 години казна” ќе го дискутираме со студентите по право, следната школска година, во рамките на предметот социологија на правото. За жал најдобро се разбира правото на вистински и блиски случаи, како и во медицината.

Граѓаните бараат правда. Правдата е вредност. Правото се стреми да биде праведно или што поблиску до правдата. Но, тоа само по себе не е правда. Целата историја на теоријата на правото и правната наука е посветена на овој однос. Тоа правниците го учат на факултет и кога ќе го научат, во очите на граѓаните се “ладни и бесчувствителни правници” . Во некои правни системи носат и униформи со цел да се обезличат и да се различни од масата, која најчесто хистерично и оправдано бара правда.

По повод случајот и реакциите, пред се на мрежите, може да се заклучи дека во нашето општество потребна е правна култура, потесен поим од граѓанската култура и потежок, зошто изискува знаење и разбирање на правото и негово почитување, како и разбирање на правните професии (судии, адвокати, нотари). Кога еден предмет е во суд, го надминува индивидуалниот случај (… и правдата око за око, заб за заб – бидејќи веројатно само тоа би било праведно за семејството) и станува предмет битен за општеството и неговиот спас и корист, а судницата соба од посебно општествено значење со висока видливост…Случајот кој е актуелен доби 12 год-затворска казна, адвокатот вели се менува судската пракса.

Ама од социолошка гледна точка цивилизациското ниво ги диктира казните. На пример, до висока правна свест – слепо почитување на правила ( пр. во Скандинавски земји, Канада, ЕУ), довеле многу строги казни (дерење, сечење рака, јавен линч, каменување) за да денес имаме современа блага казнена политика до затвори како хотел.

Дури и демократијата се мери со висина на казните – еден од индикаторите. Значи ние сме на ниско цивилизациско ниво (возење без дозвола, поминува на црвено, под дејство на алхохол), значи правна свест како во среден век.

Ако не ги казниш строго, како ќе ги заплашиш, како ќе ја подигнеш свеста. Значи сега неможеме да се однесуваме како во среден век (статистика на смртни случаи во РМ), а да казнуваме како во современа Данска. Потребно ни е казнување во општествен контекст (социологија на право, компаративна пракса). Тешко му било на судот во случајот, под притисок на јавноста, која не случајно е разбудена – масакр по улиците. Значи самиот општествен контекст ја подига казната.

20 години е највисоката казна и таа опфаќа многу свирепи убиства со умисла… Сега потребна е добра новинарска аналитичка статија која на граѓаните ќе им даде појаснување. Судот тоа не мора и не би требало да го прави да го прави, бидејќи тоа го направил во образложението на пресудата.

Секако дека треба и заинтересирана публика која тоа ќе го чита.. Исто професорите по право треба да се повеќе присутни во јавноста- општествено апликативна активност, барем денес секој има свој медиум и може да биде општествено одговорен и да допринесе кон жива дебата и разјаснување на низа проблеми. Само неколкумина се активни.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

Јасна Бачовска колумна правда право
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.