НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боли болката на македонските пензионерот во странство

0
By Zoran Ivanov on May 16, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дискриминација другар;  дискриминација  која боли. – Продолжи тој. Цел живот работев во Македонија и за Македонија. Ти ме знаеш. Заработив пензиичка од која може некако да се живее;  скромно ама може. Сега ме доведуваат во ситуација да бидам на товар на децата. Боли тоа другар. Бол и и и!

Темелко Ристески

Вчера ми се јави еден од моите пријатели кој  го оствари правото на пензија по основа на работен однос во Македонија и по пензионирањето се пресели во странство. Човекот дваесет и кусур години по пензионирањето живееше во Скопје. Не сакаше да ја напушти нашата убава татковина – Македонија и неговото сакано Скопје.

Најпосле, по долго двоумење и со тага во душата, пред нешто повеќе од една година, се одлучи да се исели кај децата во странство.

Староста навасува другар. – Ми рече со жалостен глас и насолзени очи кога го пиевме заедно последното  кафе во едно  од скопските кафулиња, и додаде: „Не можеме да живееме повеќе сами со Станка моја. Мораме да си одиме кај децата. Ние ги изгледавме, ги изучивме, им помагавме. Сега тие нека ни помагаат нам“.

Вчера тој ми се јави со вознемирен глас.

Што е бре ова другар? Не го добив последното покачување на пензијата во износ од 2.500 денари. Потоа разочарано објасни: „Цел работен век работев во Македонија. Ми запираа лавовски дел од платата за пензиско и инвалидско осигурување. Во решението за признавање на правото на  пензија  ми е наведена адресата во Скопје.

Решение за покачување на пензијата добив на истата адреса. Не очекував вакво нешто“. Уште слушам дека нема да ги добиваме ни наредните покачувања – додаде. Што ќе кажеш на ова ти како правник?  – Праша.

Тоа е дискриминација без преседан другар. – Реков јас и го му го цитирав член 9 од Уставот  според кој граѓаните на Републикава се еднакви пред Уставот и законите.

Дискриминација другар;  дискриминација  која боли. – Продолжи тој. Цел живот работев во Македонија и за Македонија. Ти ме знаеш. Заработив пензиичка од која може некако да се живее;  скромно ама може. Сега ме доведуваат во ситуација да бидам на товар на децата. Боли тоа другар. Бол и и и!

Јас воздивнав и одмолчив десетина секунди, па му реков: Ќе треба да се поведе  постапка за оценување на Уставноста  на членовите 18 и 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. А можеби и „славниот“ Уставен суд, како чувар на уставноста и законитоста, за прв пат во историјата на неговото постоење во самостојна Република Северна Македонија, ќе се одважи да поведе постапка по службена должност. – Продолжив. Да се надеваме дека проблемот ќе се реши. – Заклучив.

Да се надеваме другар. – Прифати тој.

Но, како и да е, ова што ни го направија на нас македонските пензионери  во странство боли. Не им требаме. Не сметаат на нас. Не отпишуваат. Татковината не отпишува.

Боли другар. Болии! Боли! Боли! – Со разочаран и гневен глас заврши тој.

Ти верувам другар. – Со воздишка изустив јас.

Добро другар. Со стишен глас заврши тој и ме замоли да ги поздравам моите домашни и заедничките пријатели.

Јас му возвратив на поздравот.

Од Фејсбук ѕидот на авторот.

 

 

македонски пензионњери странство Темелко Ристески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.