Published: Friday, April 10, 2015 17:53
Над 30 патници загинале во сообраќајна несреќа кога камион и автобус се судриле денеска во Мароко.
Автобусот превезувал група млади атлетичари до градот Тан Тан на југот на Мароко, пренесуваат медиумите од светот. Во автобусот имало деца на возраст помеѓу 10 и 14 години.
Несреќата се случила во 6 часот наутро, кога автобусот се судрил со камион-цистерна.
Децата се враќале во својот роден град Алијун откако од 5 до 9 април во Рабат, Темера и Бенсилманија учествувале на национални училишни игри.
Автобусот целосно изгорел а десетина повредени биле префрлени во болница.




