Тито Беличанец: Од објснувањето на вицепремиерот Николовски на ТВ Сител го разбрав следното: Земјава ќе зема кредит преку Агенција за извозно финансирање која ќе биде гарант пред комерцијалните банки во Британија. По кој основ и врз кои услови Агенцијата ќе ја преземе гаранцијата, тој не соопшти. И при тоа укажа на два моменти кои ги нарече уникатни. Според првиот “уникатен момент”, Владата ќе добие каматната стапка (за која сеуште преговара) ама “гарантира” дека ќе биде најниска камата којашто Македонија било когаш ја видела за големи проекти. Значи, не го знаеме реперот. Според вториот “уникатен момент”, Владата ќе добие каматна стапка која ќе биде пониска од било кого во регионот, (ако мисли на Балканот каде пто каматите се високи, тоа не е утешително), и ќе добиеме на располагање средства коишто ниедна друга меѓунарадна банкарска или финансиска институција не може да ги обезбеди или да ги финансира за Македонија. Ова тврдење е смешно, освен ако ја има во предвид презадолженоста на земјата и дека за Агенција за извозно финансирање на Британија, презадолженоста ќе ја компензира со некој за јавноста посебно значаен услов за Британија кој Македонија би требало да го прифати.
Извор: ФБ