Published: Sunday, April 12, 2015 11:05
Утрово во два часот по полноќ силен земјотрес ги разбудил речиси сите граѓани на Сараево. Епицентарот бил бо гратчето Пале, кое се наоѓа дваесетина километри југоисточно од главниот град на Босна и Херцеговина (БИХ), а потресот се случил на длабочина од два километра во земјината кора.
Според информациите од БИХ земјотресот бил со силина од 4,1 степени по Рихтер, додека во епицентралното подрачје биле измерени шест степени по Меркалиевата скала.
Потресот траел неколку секунди и според интезитетот може да се смести во категоријата на најмоќните земјотреси во последните неколку години. Нема информации за жртви или за некоја поголема материјална штета.




