Published: Sunday, April 12, 2015 12:38
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) вчера ја нападна рафинеријата за нафта во ирачкиот град Баиџи, која е најголема во земјата, но ирачката армија успеа да ја зачува контролата врз објектот, потврди ирачки генерал.
– Тројца џихадисти самоубијци успеале да стигнат до влезот на рафинеријата. Војниците убија двајца од нив, а третиот го активирал експлозивот, изјави генералот.
Ирачките безбедносни сили го спречиле нападот и рафинеријата останува под контрола на владините сили. Во судирот загинале вкупно 20 екстремисти.
Најголемата ирачка рафинерија извесно време беше под контрола на џихадистите, но во октомври минатата година таа е преземена со голема операција на ирачката армија и воздушна поддршка на коалицијата, предводена од САД.




