НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајмунски сипаници во Македонија – епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија

0
By Marija Todorovska on May 23, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава вчера првпат лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. По потврдувањето на случаите, епидемиологот Драган Даниловски појаснува за какво заболување станува збор, нагласувајќи дека тоа не се пренесува лесно и оти е многу мал ризикот за епидемија.

Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и грбот, зголемени лимфни жлезди, исцрпеност, кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото, инкубациски период од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации, пишува Даниловски на својот Фејсбук профил.

Заболувањето се пренесува со директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице, близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос, контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор, респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.

Важно е тоа што таа не се пренесува лесно. Потребен е близок, продолжен контакт, вели доктор Даниловски.

Според него, ризикот за епидемија е многу низок. За сопствена заштита, нагласува, граѓаните треба да одржуваат хигиена (миење раце со сапун и вода), да избегнуваат близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети и при сомнителен осип да консултираат лекар. Нагласува дека мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата, вели, бара информираност и претпазливост, но не и паника.

Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, вчера информираа дека од Клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно било упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.

Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др, истакнаа од Институтот.

Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информирал пациентите за добиените резултати. Потоа, следела епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек. Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника, информираа од ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје, најавија, ќе продолжи да ја следи состојбата и информира дека во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се превземаат сите потребни мерки.

ОД ИЈЗ нагласија дека се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и оти се преземаат сите превентивни мерки. Повеќе детали за јавност од Институтот најавија за денеска.

даниловски ИЈЗ мајмунски сипаници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.