Published: Saturday, May 24, 2025 17:20
Социјалната мрежа Икс (X) денеска е недостапна за десетици илјади корисници ширум светот од 16 часот по средноевропско време.
Голем број корисници пријавиле проблеми при пристапот до платформата, но од компанијата Икс засега нема коментар.
Икс е во сопственост на Илон Маск, кој минатата година објави дека има околу 250 милиони активни корисници дневно.




