Published: Sunday, April 12, 2015 20:03
Турското министерство за надворешни работи денеска го повика амбасадорот на Ватикан во Анкара во знак на протест откако поглаварот на Римокатоличката црква папата Францис убиството на Ерменците во Отоманска Турција го нарече геноцид.
Папата при одбележувањето од 100-годишнината од масакрот над Ерменците, рече тоа било „прв геноцид во 20. век“.
Голем број историчари сметаат дека масовните убиства на милиони Ерменци е токму „прв геноцид на 20. век“, но Турција ги отфрла ваквите обвинувања.




