Дебар: Голем дел од општина Дебар утре времено ќе остане без напојување со електрична енергија. Од Регионалниот центар за управување со кризи од Дебар информираат дека прекинот ќе биде од 7 до 7:45 часот.
Планиран прекин на електрична енергија ќе има во дел од населбата „Венец”, селото Рајчица вклучително и манастирот „Георгиј Победоносец” во ова село. Без струја ќе бидат и селата Мелничани, Долно и Горно Косоврасти, велат од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар.
Се посочува дека без напојување со електрична енергија ќе бидат и индустриските објекти кај Мелнички мост, хотелите во Косоврасти, сепарација и каменоломот Гипсара.
Овој прекин е дел од планирани активности за одржување и подобрување на електроенергетската мрежа, нагласуваат од Регионалниот ЦУК – Дебар