НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката имаше аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти

0
By Marija Todorovska on May 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти.

По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци.

Во оваа прилика, претседателката Сиљановска – Давкова на папата Лав Четиринаесетти му подари Длабока резба со мотив „Гроздови“.

Резбата е во изработка од дабово дрво, со мотиви од овошје и животни кои ги краселе македонските манастири и цркви, како и побогатите македонски куќи. Познати се многу копаничарски дела чии резби красат многу од црквите и надвор од Македонија. Мотивот со гроздови ја претставува лозата на животот и симболика за животна обнова и врска помеѓу религијата и луѓето преку виното (крвта на Исус).

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова имаше средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

На средбата присуствуваше и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер.

Средбата траеше околу 40 минути, а заврши со меѓусебна размена на подароци.

Подарокот за кардиналот Паролин беше Златна ритуална маска, која е  дел од раскошните предмети, користени како прекривка на телото, во практиката на погребниот култ. Локалните владетели – пајонските војводи, од VI век п.н.е., ја изградиле оваа некропола на Требенишкото Кале. Тоа беше периодот пред државата да ја обедини најмоќната династија Аргедовите, првата династија на Македонското Кралство.

лав 14 Папа Силјановска Давкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.