Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Африм Фидани избран за претседател на Врховниот суд – Адеми не ја доби поддршката од Судски совет

0
By Zoran Ivanov on May 26, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 26, 2025 19:16

Со 8 гласа „за“ и 5 гласа „против“ Судски совет го избра судијата Африм Фидани за претседател на Врховен суд, а претседателката на судот до февруари годинава, Беса Адеми која конкурираше за повторен мандат доби 2 гласа „за“ и 11гласа „против“.

Судијата Фидани е судија во Врховниот суд од 2017 година. Известителката Тања Чачарова-Илиевска се изјасни дека е против двајцата кандидати кои беа во трка за позицијата претседател на Врховен суд.

Мнозинството на колегите, одлучија да му дадат поддршка на вториот кандидат. Му честитам и искрено би сакала да ме демантира во мојот  став, не заради друго туку заради единствена цел-тоа би било добро за македонското судство и граѓаните. – Тања Чачарова-Илиевска член на Судски совет на РСМ.

Додека пак членката Весна Дамева со свој спротивен став.

Стекнав впечаток дека двајцата кандидати не се добри врз основа на спроведено интервју. Не можам да се согласам колеги, тоа се долгогодишни судии коишто имаат свои одредени ставови по одредени состојби. Начинот на кој ќе го презентираат можеби нас не ни се допаѓа затоа што и ние како носители на јавни функции не секогаш го кажуваме она што сакаме да го кажеме и се воздржуваме.  Весна Дамева член на Судски совет на РСМ.

Според Ивица Николовски, членот на Советот во врска со кандидатката Беса Адеми кажа дека изминатите години во нејзиниот ангажман не видел одреден предлог, заедничка расправа или изнаоѓање рационални решенија за поефикасно судство, додека пак за вториот кандидат Африм Фидани, Николовски посочи дека треба да биде познат во развој на правната мисла, а не преку изборот да биде познат како претседател на Врховен суд.

Јас колешката Беса ја доживеав како натпревар помеѓу овие два органи, кој е Врховниот суд, а кој е Судскиот совет, а кои се резултатите? Јас лично сметам дека овој натпревар не даде придонес. Не можам да гласам за судија кој треба да биде претседател на Врховен суд, а во овој дел во развојот на правната мисла, во развојот на стратегиите никаде не е присутен. – Ивица Николовски член на Судски совет на РСМ.

Претседателот на Кривичен суд Скопје, пак, Иван Џолев е избран за судија на скопска Апелација. Судски совет ги избра и судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова како и судијата Бетим Јахја за постапување во кривичната област во Апелација, а судијата Хаџо Тариќ е избран за претседател на Основен суд Крушево.

 

адем и Врховен фидани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.