Газа: Агенцијата на Обединетите нации за помош на Палестинците (УНРВА) денеска соопшти дека во Појасот Газа функционираат само шест од 22 здравствени центри на ова тело на ОН.
УНРВА соопшти дека има и 37 други медицински пунктови, а како причина за недостигот на здравствена помош за Палестинците го наведе израелското „континуирано бомбардирање“.
– Основните медицински материјали се на критично ниско ниво. Итно е потребен непречен пристап за да се обезбеди помош што спасува животи, вклучувајќи лекови и основни медицински материјали, објави УНРВА на Х.
УНРВА соопшти дека од почетокот на војната во октомври 2023 година извршила над 8,5 милиони медицински прегледи, меѓу кои и за мајчинство, ментално здравје и рехабилитација.