НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судски „против“ претседателката што не го врати Груевски – „за“ сопругите на функционери

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет ја покани Адеми да дојде да го каже тоа пред Судскиот совет, но таа одби со образложение дека и претходно имало притисоци, а Советот не реагирал. Советот, пак, ѝ забележа што не доаѓа на седници и не го кажува своето мислење. Таа никогаш јавно не кажаа од кого биле точно овие притисоци, но по ова веднаш следуваше иницијатива за нејзино разрешување од членовите на Советот што ја започнаа и ја поддржаа членови на Советот кои не се судии и кои незаконски ја сменија Весна Дамева, меѓу кои беа Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Фросина Факова Серафиновиќ

Судски совет категорично против доскорешната претседателка на Врховен, Беса Адеми која не го врати од Будимпешта поранешниот премиер Никола Груевски, но гласаше „за“ судијките – сопруги на високи функционери, претседател на Уставен суд и советник на премиерот. Последната седница беше полна со избори и унапредувања што повлекоа и многу реакции и повторен фокус на јавноста кон Судскиот совет.

Последната седница беше полна со избори и унапредувања што повлекоа и многу реакции и повторен фокус на јавноста кон Судскиот совет. Мнозинството членови на Судски совет, дури 11 од 13 членови гласаа „против“ довчерашната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, да добие втор мандат на највисокиот суд.

Ѝ замерија за несоработка со Судскиот совет и затоа што водела своевиден натпревар со ова тело, па наместо да работи на довербата на целото судство, таа ги истакнувала само резултатите на Врховниот суд, но под нејзино водство биле нарушени меѓучовечките односи во Судот.

Само двајца членови на Советот, Аритон Ала и потпретседателот Ханиф Зендели, гласаа „за“ Беса Адеми, но ги поддржаа и двајцата кандидати па гласаа и за Африм Фидани.

Па овој пат на оние членови што иницираа постапка за нејзино разрешување по неуспешната операција за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, им се придружија и другите членови на Советот, меѓу кои и поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, Павлина Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, но и новите членови на Судски, претседателот Александар Камбовски, Данка Ристова и Џенета Бегтовиќ.

Дел од нив тогаш не беа за нејзино разрешување, но сега отворено и јавно го кажаа своето мислење дека не сакаат веќе да соработуваат со Адеми, иако нејзината работа беше пофалена во извештајот на Европската комисија.

Адеми во изјава за „Слободен печат“ вели дека судот на јавноста и фактите за нејзината работа се неприкосновени.

– За моите заложби и конкретни резултати говорат фактите, кои се нотирани и во домашните и меѓународните извештаи, особено во извештаите на Европската Унија. Владеењето на правото, со акцент на транспарентноста и европските стандарди, беа основен мотив во мојата работа и јавноста е свесна пред колку предизвици сум била исправена и колку никогаш не отстапив од моите убедувања, кои се преточија во конкретни резултати за Врховниот суд и непосредно за целото судство. Секој има право на субјективен суд, но судот на јавноста и говорот на фактите е неприкосновен. Достигнатите резултати го издигнаа судот од една незавидна позиција и горда сум на постигнатото. Но, угледот на судството и реформските заложби и активности се континуиран процес кој зависи од многу чинители. Врховниот суд само преку искрена волја и понатаму ќе продолжи со истите заложби, особено што критериумите се високо подигнати. Со заемна соработка и посветеност во Врховниот суд и со институционалниот капацитет што го поседува, убедена сум дека ќе продолжиме по тој пат во интерес на граѓаните – вели Адеми за „Слободен печат“.

Нарушени лични односи

Од она што се зборува во судските кулоари, поголем дел од членовите имаат нарушени лични односи со Адеми и дека нејзиното симнување од претседателското столче не е поврзано со невраќањето на Груевски.

Сепак, мандатот на Адеми ќе остане запаметен по неуспешната операција на партиите за враќање на Груевски, кое беше поврзано и со носењето на контроверзните измени на Кривичниот законик со кои речиси му се „исчистија“ сите случаи на поранешниот премиер. Политичките преговори за негово враќање почнаа додека на власт беа СДСМ и ДУИ, односно Димитар Ковачевски и Али Ахмети, а крајната цел била носење на уставните измени, кои не можеа да се донесат без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Па затоа беа донесени измените на Кривичниот законик со кои паднаа најголем дел од случаите што се водеа против Груевски, но за да биде целосно чист, требаше да се активира амнестијата на Ѓорге Иванов преку Врховниот суд. Но, ДУИ не успева да влијае врз Врховниот суд и планот пропадна.

Адеми јавно излезе и кажа дека ѝ се закануваат со разрешување на судии за оживување на помилувањата.

– Политиката секогаш има потенцијал да користи влијанија на различни начини. Реално, секогаш е присутна заканата дека може да се разрешуваат судиите на Врховниот суд и во овој правец да се користат дури и лажни вести. И затоа Судскиот совет треба да биде заштитник на судството – рече Адеми.

Судскиот совет ја покани Адеми да дојде да го каже тоа пред Судскиот совет, но таа одби со образложение дека и претходно имало притисоци, а Советот не реагирал. Советот, пак, ѝ забележа што не доаѓа на седници и не го кажува своето мислење. Таа никогаш јавно не кажаа од кого биле точно овие притисоци, но по ова веднаш следуваше иницијатива за нејзино разрешување од членовите на Советот што ја започнаа и ја поддржаа членови на Советот кои не се судии и кои незаконски ја сменија Весна Дамева, меѓу кои беа Миљазим Мустафа и Селим Адеми. Судскиот совет ја запре постапката за разрешување на Адеми, која конкретно беше поведена поради тоа што како прв човек на Врховниот суд не доаѓала на седници на Судскиот совет.

Заврши судската сага

Со ова заврши оваа судска сага за разрешување на Адеми, но на последната седница на Судскиот совет заврши и нејзината претседателска кариера. На нејзино место седна Фидани, кој завршил правен факултет во Приштина. Бил вработен во просвета, потоа бил републички инспектор за труд, секретар на Општина Врапчиште, адвокат, а во 2011 првпат бил избран за судија директно во скопска Апелација, а врховен судија станува во 2017 година.

Членовите не беа едногласни ниту за него со пофалби, како што беа со критики за Адеми, но затоа, пак, немаа забелешки за унапредувањето на сопругите на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и на советникот на премиерот за надворешна политика Сашо Марковски.

Судијката Цветанка Сиљаноска-Костадиновска, сопруга на Костадиновски, доби поддршка од Граѓанскиот суд да биде унапредена во граѓанскиот оддел во скопскиот Апелационен суд. Таа беше шесторангирана, а Костадиновски во изјава за медиумите вели дека унапредувањето се должи на нејзиното 25-годишно искуство во Граѓанскиот суд, осум години како стручен соработник и 17 години како судија.

Освен неа, во овој оддел во Апелација беа унапредени уште петмина судии: Елизабета Настов, Софија Миленкова, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани. Од Кривичен во Апелација, освен актуелниот претседател на Кривичен Иван Џолев, унапредување добија Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова и Бетим Јахја од тетовскиот суд. Клетничка-Марковска беше прворангирана.

Кривичниот суд пак остана без претседател, откако сегашниот Иван Џолев беше унапреден во Апелација.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

анализа судство фросина факова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.