Во време кога зборуваме за човекови права, родова еднаквост и социјална правда, сè уште живееме во општество во кое менструацијата е табу, девојките и жените во Македонија сè уште се соочуваат со менструална сиромаштија, недостапност на соодветни производи, недостаток на информации и несоодветни хигиенски услови, велат од организацијата Тиииит! Инк. по повод 28 мај Меѓународен ден за менструална хигиена.
Дел од наодите од истражувањето за менструалната правда на Тиииит! Инк. во соработка со РЕАКТОР – Истражување во акција објавено во 2021 година укажаа на тоа дека менструалните продукти се премногу скапи, жените и девојките во Македонија купуваат ефтини менструални продукти, наместо квалитетни, а голем дел од нив се нашле во ситуација да немаат пари да купат влошки и морале да импровизираат со крпи или тоалетна хартија. Овие податоци говорат јасно дека менструацијата не е само биолошко, туку и социјално прашање. Прашање на правда, пристап и достоинство.
Оваа година го одбележуваме 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната хигиена со „Paint and Wine“, во 19:00 часот во Лабораториум. Местата за учество на настанот се веќе пополнети!, известуваат од огранизацијата.