НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитриеска Кочоска: Досега од буџетот се обезбедени 30 милиони денари за настраданите во Кочани, а исплатени се 11,2 милиони

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на собраниската говорница изјави дека до овој момент се обезбедени 30 милиони денари од страна на Владата за настраданите во Кочани, а досега се исплатени 11,2 милиони денари.

Од буџетот на Република Македонија за настраданите во Кочани се обезбедени 30 милиони денари за помош на семејствата и повредените. До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејства на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму, изјави Димитриеска Кочоска одговорајќи на прашање од пратеникот Оливер Спасовски на денешната собраниска седница, дали досега е донесена одлука и се извршени исплати на средства од буџетот на државата на семејствата на починатите и на повредените и ако има таква одлука колку средства биле исплатени за оваа намена.

Таа посочи дека покрај од буџетот, помошта собрана преку Црвениот крст од донации од граѓаните, била во координација со Владата, и дека тоа било во моментот најбрз начин да се соберат средства и да им се излезе во пресрет на настраданите.

Затоа одевме паралелно со две постапки. Едната беше Црвениот крст каде сите ние и како функционери и како пратеници од владеачкото мнозинство, верувам дека и вие од опозицијата сте донирале пари, и тоа се средства кои се наменети за нив. Но покрај овие 30 милиони денари, поддршка од буџетот, тука не се вкалулирани сите оние трошоците кои се сервизираат преку ФЗОМ,  бидејќи станува збор за повреди кои беа многу тешки и за лекување кое ќе трае долго време. Владата многу брзо реагираше во оваа ситуација, рече Димитриеска Кочоска…Повторувам 30 милиони денари коои што се на располагање на семејствата и се исплаќаат согласно потребите и во исто време се сервисираат обврските од Црвениот крст. Тоа е одлука која што ја донесе Владата и кои што средства се исплаќаат, рече министерката за финансии.

Таа притоа потсети на несреќите со жртви со Дурмо Турс и во Модуларната болница во Тетово,  каде, рече, поранешната влада не одобрила ниту денар.

Според Спасовски, граѓаните покажале сериозна солидарност, бидејќи на сметките на Црвениот крст, според последно соопштение досега се собрани околу 156, 5 милиони денари од кои во неколку наврати досега извршени се исплати на погодените семејства. На семејствата на починатите лица од оваа сметка биле исплатени 52,038 милиони денари, за настраданите лица кои се на лекување во странство 44,163 милиони и за оние кои се лекуваат во земјава исплатени се 11, 247 милиони денари. Или вкупно досега исплатени се 107,44 милиони денари, а преостанти се околу 46,59 милиони денари на сметката на Црвениот крст. Во соопштението од Црвениот крст се наведува дека следат консултации со надлежното Министрерство за да се утврди зависно од степенот на повредеите колку финансиски средства на кои лица и смејства ќе им бидат исплатени.

Спасовски реагираше и во однос на присуството на членовите на Владата, кои имаат обврска денеска, да бидат присутни на седницата.

Имаме известување само од двајца министри дека не можат да присуствуваат и дека ќе бидат нивните заменици. Меѓутоа, гледаме и повеќе министри коишто не се присутни, ниту има заменици, за да можеме да ги поставиме пратеничките прашања, забележа Спасовски.

буџет димитриевска кочовска Кочани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.