Мирослава Симоновска: Данела Арсовска во интервјуто кај Билјана Секуловска заплака кога зборуваше за заканите кон неа и тоа зборуваше за закани со убиство. Јас како квалификуван емпат, знам точно што значи тоа психички да бидеш тортуриран зашто си му влегол на некого во мега-криминалот и од таа гледна точка сум сигурна дека Данела не лаже дека има закани по животот. Не глуми. Не драми. Особено што нејзиното единствено орудие за да се брани од заканите е јавно да ги изложува. А на 150 дивоградби во Чаир, одобрени со институционален молк од горе до доле, со вселени луѓе внатре, со лапано мито на тони, реално е дека опасноста по Данела е огромна. Се надевам дека некој мисли на тоа, во смисла дека таа ваква-онаква, таа е јавен функционер и службено лице и треба да ужива безбедносна заштита. Ова отварање на дивоградбите е голема опасност за убиства, крв и закани затоа што се вмешани многу луѓе, влогот е огромен во смисла на пари. Се надевам дека некој мисли на ова и дека предвидува безбедносни сценарија.
Извор: Фејсбук