Денеска на пладне, пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол, ќе се одржи собир под мотото „Гласот на народот – глас на Бога“.
Протестот, според организаторите, е поттикнат од начинот на избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Верници на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор?! Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква!“, се вели во соопштението.
Во соопштението до медиумите тие го предлагаат епископот Антаниски Партениј кој раководи со Бигорскиот манастир за нивни кандидат за избор на Митрополит.
Велат дека црквата е народот и дека народот си има свој кандидат.