Ова е дел од украинската стратегија од самиот почеток, каде прво Залужни а сега Сирски се обидуваат со тактички изненадувања да постигнат стратешка рамнотежа со Москва (Контраофанзивата кај Харков, ослободувањето на Херсон, употребата на Химарс, употребата на дронови, таргетирањето на црноморската флота, нападот во Курск…)
Сеад Ризвановиќ
Не пишувам толку често за војната во Украина од проста причина, војната според моите заклучоци во последните две години е т.н. “Војна на исцрпување” (Attrition warfare) без поголеми територијални поместувања од двете страни
Украинската инкурзија во Курск беше последно тактичко изненадување во војната и таа операција одигра значителна улога во нивната стратегија на постигнување на рамнотежа на боиштето со бројно супериорниот противник
Последната украинска операција во која е постигнато максимално изненадување и ќе се предизвикаат долгорочни последици за Руската федерација е операцијата “Пајакова мрежа” во која се прошверцувани стотици дронови маскирани во камиони и според информациите погодени се најмалку 40 руски летала на најмалку 4 аеродрома и меѓу погодените се и стратегиски бомбардери А-50, ТУ-95 и ТУ-22
Од воено-тактички аспект се работи за брилијантна разузнувачко-безбедносна операција која сигурно ќе влезе во аналите на воената историја и образование
Ова е дел од украинската стратегија од самиот почеток, каде прво Залужни а сега Сирски се обидуваат со тактички изненадувања да постигнат стратешка рамнотежа со Москва (Контраофанзивата кај Харков, ослободувањето на Херсон, употребата на Химарс, употребата на дронови, таргетирањето на црноморската флота, нападот во Курск…)
Последниот напад ќе има далекусежни последици за руските воздушни сили, не само од финаниски аспект каде загубата се мери во милијарди, туку и во намалувањето на ефикасноста на военото воздухопловство и стратешките бомбардерски капацитети на долг рок, бидејќи и во најдобар случај оваа загуба ќе мора да се надоместува со години, ако не и децении
Нападот е изведен во момент кога русите се обидуваат да отворат нов фронт и напаѓаат со поголеми сконцентрирани сили во регионоте Суми, Харков и Запорожје, и исто како и во претходните случаи, украинската операција има за цел да ја амортизира руската офанзива и да предизвика материјален и психолошки шок кај противникот
Од Фејсбук ѕидот на авторот