НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската претседателка во мисија за спас на океаните

0
By Zoran Ivanov on June 8, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заборавете ја економијата – океаните се приоритет! Во земја без море, родена е спасителката на океаните. Од Кичево до Пацификот, операција: СИНИЛО.

Џабир Дерала

Која е веста на денот? Какво прашање е тоа? Па се разбира, третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3)! Зошто?

Океј, се разбира дека овој настан би бил тотално безначаен и ни оддалеку не би ги задоволил високите стандарди на македонските медиуми и уште помалку строгите критериуми на јавноста, ако на тој настан што се одржува во Ница, не учествуваше – главом и брадом – токму врховната командантка и професорка по уставно право и докажана борка за родова еднаквост и… горда македонска претседателка.

„Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3)“, објави кабинетот на претседателката – спасителка на светските океани, бранителка на школките и амбасадорка на коралните подводни гребени во егзил.

Според соопштението, нејзиното учество ќе донесе длабок стратешки увид во заштитата на океанските ресурси, особено од аголот на држава без море, но со огромен вишок на политички пена.

А дали некој помисли дека спасителката на светските океани е отидена таму само за да се дружи и замајува светските лидери, како да е некоја споредна сирена? Кој така помислил, срам да му е.

Според најавата, вредно пренесена од дежурните екипи во македонските медиуми, претседателката и ќе се обрати на конференцијата и тоа на тема „Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој“, по што е сосема извесно дека планетата ќе биде спасена.

Како што се дознава од извори длабоко во македонскиот океан, говорот со месеци ѝ го спремале докажаните пропагандни гуслари и океанографи, од кои едниот носи прекар според презимето на еден германски министер од 30-години на минатиот век, а на другиот не му го знам прекарот, само знам дека, наместо вода, со години пие унгарско масло, за да ги заштити светските океани. Тие, пак, го користеле неизмерното искуство на нивниот главен советодавец по морски прашања, пензиониран рибар од Прилеп кој никогаш не видел море, но цел живот елоквентно тврди дека чувствува прилив и одлив секој вторник.

Но тоа не е сѐ, драги љубители на океаните и морињата. Од длабочините на светските океани и мориња пристигна уште една ексклузивна вест. Парламентарниот совет на сирените едногласно усвои декларација македонската претседателка да биде прогласена за почесна сирена – спасителка на океаните. Богот Нептун, трогнат од интелектуалниот и спиритуален капацитет на нашата врховна командантка, ја прекинал својата милениумска медитација под морското дно и, во свечена подводна церемонија, ѝ врачил златен сандак полн со алги од Атлантида и бисери што плачеле од радост. Се открива дека на сандакот има порака направена од скапоцени школки: ‘Гордана, само ти можеш да го сочуваш синилото на планетата – и достоинството на сирените!’

ЕУ интеграции? Усогласување со стратегиите на НАТО? Решавање на статусот на Бугарите во земјава? Ајде, ве молам… Зарем со такви приземни, здодевни прашања ќе се расејуваме кога имаме океани за спасување и сирени што чекаат лидерство? Па тоа се вчерашни теми! Денеска, вистинските визионери гледаат подлабоко – под морското дно.

Ете, океаните дочекаа спас – од нашата горда претседателка. А македонските граѓанки и граѓани? Тие можат мирно да продолжат да се дават во сиромаштија, корупција, неизвесност и еднонасочна пропагандна струја од телевизиските екрани. Но не грижете се. Кога ќе дојде цунамито – буквално или метафорично – ќе имаме сертифициран експерт за океани во претседателската фотелја. Со диплома од Ница, декларација од сирените и благослов од Нептун лично. И ќе нѐ спаси. Без сомнеж. Или барем ќе даде изјава дека сѐ е под контрола. Во овој мудар, мирољубив и мултиполарен свет.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна окенаи претседателкатра Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.