Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Мицкоски е лицемер – навечер ги навредува родителите, а наутро вели: „Заедно сме“

0
By Zoran Ivanov on June 10, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 10, 2025 17:15

 

Мицкоски е невиден лицемер – навечер ги навредува родителите, нарекувајќи ги политичка партија, а наутро вели „заедно сме, реагира денеска опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) околу последните случувања и односот на премиерот Христијан Мицкоски со семејствата на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Врв на ароганција и дволичност тоа што Мицкоски ја демонстрира не само кон родителите во Кочани, туку и кон сите граѓани кои се сè уште во шок по трагедијата што ја зави Македонија во црно. На партиски митинг, навечер, од петни жили ги етикетира родителите како партиски инструменти. Веќе следното утро, се обидува да ги правда со празни фрази и декларативна „поддршка.

Очигледно, Мицкоски е изгубен во сопствената реторика — без компас, без стабилност, во постојана внатрешна криза. Кога виде дека со закани не постигнува ништо, премина на манипулација и барање разбирање. Дели лажни ветувања надевајќи се дека ќе го амортизира гневот на народот“, пишува во соопштението од СДСМ.

Цела Македонија е згрозена. Односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон трагедијата и семејствата на загинатите е срам за секој што се нарекува лидер. Не поддржа закон за финансиска помош. Не понуди елементарни услови за лекување. Ги заштити од прогон сите негови партиски функционери. Не најде сила да ги погледне луѓето во очи и да се соочи со реалноста пред Собранието. Со еден збор — кукавица. Од луѓе како Мицкоски, кои немаат грам емпатија дури ни во вакви тешки моменти, Македонија не може да очекува ништо добро. За него, манипулациите, поделбите и навредите се алатки за одбрана на личниот рејтинг — наместо да покаже човечност, одговорност и лидерство, додаваат од опозициската партија.

 

ДПМНЕ лицемерие СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.