НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Книжевен жезол“ на ДПМ за 2025-та за поетот Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ

0
By Zoran Ivanov on June 13, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На поетот Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ денеска им беа врачени наградите „Книжевен жезол“ за 2025-та кои традиционално ги доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во рамки на поетската манифестација „Празник на липите“. Наградите на лауреатите им ги врачија претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на ДПМ, Живко Гроздановски.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Живко Гроздановски во воведното обраќање на свеченоста истакна дека со оваа манифестација Скопје е во редот на светските метрополи и дека од 1997, кога станала меѓународна манифестација, поети од над 20 земји го добиле признанието „Книжевен жезол“.

Гроздановски во обраќањето посочи дека интенција на ДПМ е да се доосмисли оваа манифестација со нејзино поврзување со животната средина и тоа да биде „повик за будење и израз на отпор или револт за да се издејствуваат суштински промени во однос на околината“ од кои, рече, зависат нашите животи.

Повика да се возобнови врската што манифестацијата „Празник на липите“ ја имала со градоначалникот на Скопје, кој бил и нејзин покровител, а странскиот поет лауреат на „Книжевен жезол“ повторно да добива „клуч на градот“ како почесно признание. Рече дека треба да се реактуализира и идејата за парк на липите.

Манифестацијата „Празник на липите” се одржува од 1996 (од наредната 1997 година станала и меѓународна), со цел да се вреднува поетскиот опус на авторите со високи естетски вредности. Покрај наградата „Книжевен жезол“ за животно дело за домашен и за странски автор, ДПМ објавува и специјална збирка со поезија од лауреатите

 

ДПМ жезол празник на липите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.