Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

0
By Zoran Ivanov on June 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 14, 2025 10:45

Еве ги резултатите од истражувањето на  мојата агенција Офаманамантинк: Не е остварено ништо. Нула, како бројка. Нула, како процент. Нула, во сите облици и содржини.

Бранко Тричковски

Може ли вештачката интелигенција да го убие македонскиот идентитет?

Не може, затоа што пред неа тоа го направи другарот Бујар Османи.

Дали тоа значи дека Бугарите веќе ништо не им можат на Македонците?

Да!

А вмро?

Вмро ќе продолжи да ги ебе?

Мртви?

Мртви, затоа што ако не ги ебе, мртвите можат да се посомневаат во неговата смисла, односно дека ги ебе од ќеиф, а не во функција на историската мисија и да побараат Господ и централата во Софија да го распуштат.

Како Кимон Георгиев, во 1934, мислам дека беше, година.

Па добро, за кој курац во тој случај ни е резолуцијата на Европскиот парламент?

Како епитаф на една до крај избламирана и изциркузирана, по малку и идиотизирана, неорганска, гмо, нација.

Дали е ова кажано народски, демек, да може сиот македонски свет да го разбере или е толку умно што мртвите и да се живи, не би го разбрале?

Хахаха!

Не е „природно“, вели Сонтаг, да се говори добро, елоквентно, на интересен, артикулиран начин.  Луѓето кои живеат во групи, фамилии, заедници, говорат малку – имаат малку вербални средства. Елоквенцијата – размислувањето во зборови – е спореден производ на осаменоста, на изместеноста, на нагласено болната индивидуалност. Во групите е поприродно да се пее, игра, да се моли: тоа е даден, а не измислен (индивидуален) говор.

Како што правеа Македонците пред Османи да ги закове на православниот крст, пробивајќи ја во текот на мрачната ноќ заштитната ограда од густи патриотски говна на вмро. Никој не знае како „клетиот Шиптар“ не се лизнал и како успеал да му направи крусификшн на нешто така магличаво и дифузно, недофатливо и раскурцано, како што е македонскиот идентитет.

Обичниот јазик е јасен, но во суштина, ја зголемува лагата.

Секоја ортодоксија, било политичка или религиозна, е непријател на јазикот и на мислењето, бидејќи постулира вообичаени изрази.

Во таа смисла најголемите непријатели на македонскиот јазик, на мислењето, односно на идентитетот, се мпц и вмро!

Нивните мисии и доктрини, нивната онтолигија, е мачеништвото, гревот и апотеозата на смртта. Како спас.

Во горната дефиниција Сонтаг е, всушност, цинична.

И оправдано се подјебава со групите и заедниците кои мразат да мислат и обожуваат да играат и пеат.

На гумно, во кафеана, по митинзи, на седници на владата и парламентот.

Но, тоа имено значи дека мора да се оди контра племенската ритуалност и ортодоксност собрани во десет фрази и педесет зборови.

Размислувањето мора да биде јазик на престапот. На прекинот со сиромаштијата на заедницата, на скршување на психичката заробеност во средината и на средината.

Особено кај мали нации кои се гордеат со својот банален инструментариум, каква што, на пример, е македонската нација.

Масата е заробена во сиромаштијата на своите вербални средства и во леснотијата на игрите, песните, молитвите и другите ритуали. Кои се основа и на политичкото и физичкото заробување. Таа сиромаштија многу ниско ги плафонира способностите на заедницата да го разбере светот и векот и вистината за своите проблеми и можностите за решавање.

Јазикот е нашата единствената татковина!

Да, но опасно сиромашна.

Блаже, го реинтерпретирал Витгенштајн кој рекол дека „границите на мојот јазик се граници на мојот свет.“

Така е, но кај нас тие хоризонти се плитки.

Многу плитки.

Варијацијата на темата ја наоѓаме кај уште еден исказ на Витгенштајн, оној дека „да се замисли некој јазик значи да се замисли некој начин на живот.“

Јас би рекол и обратно: погледот на еден начин на живот, ќе ни открие сѐ за јазикот на таа заедница.

Сиромаштијата е заедничка.

Пред да го завршам текстот ѕирнав едно истражување на kompasfinancethink.

Вели вака за остварувањата на предизборните ветувања на силата која сега е власт:

Од вкупно 139 следени ветувања во пет приоритетни области – социо-економија, образование, здравство, млади и родова еднаквост – целосно се исполнети само 18 мерки, додека 51 (37%) се во фаза на реализација. Највисок степен на напредок има во образованието, каде 24% од мерките се реализирани, а 70% се во тек.

Откако го прочитав оваа за образованието побарав гола жица приклучена на Чебрен, ама Дакота Џонсон која во кујната ми правеше палачинки, ми рече дека Чебрен уште не е направен.

Како и да е, тоа ми беше доволно да заклучам дека и обидите за мислење над нивото на заедницата, завршуваат во племенската баналност на статус квото. Со помош на безброј табели, статистики, бројки и проценти.

Но, длабочината на мислата често може да се искаже на многу едноставен начин.

Еве ги резултатите од истражувањето на  мојата агенција Офаманамантинк:

Не е остварено ништо.

Нула, како бројка.

Нула, како процент.

Нула, во сите облици и содржини.

Освен немерливите и тешко поправливи штети за кои нешто се обидов да кажам во овој текст.

Никакви квазистручни купусари не можат да ја скријат голотијата на оваа вистина.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

бранко тричкиовски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.