Синоќа пред платото на ГТЦ се случи несекојдневен настан со возобновување на некогашното скопско корзо, каде се собраа многу генерации на зедничко дружење.
Проектот е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“, чија цел е да ги мотивира граѓаните да излезат на референдумот за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ.
„Мене ми е убаво кога на едно место ќе се соберат на едно место различни генерации, од некое друго време, со некоја друга музика собрани во денешно време, кога ќе им с е освежи по некој спомен од минатото“, рече Драган Б.Костиќ кој во целка вечер пушташе музика со која генерации скопјани ги врати во старите добри времиња.
Луѓето беа преплавени со чувства и основната порака која што ја испратија нашите соговорници е: „ Не го даваме ГТЦ“ Се играше и веселеше до доцна во ноќта. На едно место се сретнаа луѓе кои се години не се виделе, а се дружеле во младоста.