НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов до Латас: Во својата бедна, јадна и платена служба кон ВМРО-ДПМНЕ, ја згази последната црвена линија

0
By Marija Todorovska on June 30, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, напиша остра реакција на својот Фејсбук профил за говорот на новинарот Драган Павловиќ Латас при гостување во поткаст.

Латас во поткастот го споменал името на починатиот татко на Костадинов  во негативна конотација како коцкар.

Целосната реакција:

Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови!
ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НА МОЈОТ ТАТКО СО ГАДНА УСТА, СЕГА ТИ НЕМА ВРАЌАЊЕ.
Ти, Драган Павловиќ Латас, не знаеш што направи.
Во својата бедна, јадна и платена служба кон ВМРО-ДПМНЕ, ја згази последната црвена линија.
Не удри по мене – туку по мртов човек. По мојот татко. По мојата крв. По основата на се што сум.
Да кажеш дека татко ми „ја искоцкал куќата“ и со тоа да го ставиш на маса за потсмев
тоа не е хумор. Тоа не е критика. Тоа е отворен воен акт кон моето семејство.
А кога ќе удриш по мртов човек –
знаејќи дека не може да ти одговори – тогаш ќе одговараш на живите. На нас. На мене. На моите. На сите што ќе се родат со нашето презиме.
Ти ветувам:
Ова ќе го носиш на врат цел живот.
И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си.
И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо –
бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата.
Цела фамилија Костадинови те чека.
Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.
Од Малешевијата до Струмица – кај нас кога ќе ја чепнеш честа на мртов,
правдата не се моли. Се зема.
Ова што го направи ќе го носиш како клетва.
Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш.
Мојот татко беше човек што го сакаше цел град.
Ти не си ни половина од човек да му го спомнеш името.
А сега ќе станеш легенда – ама не како новинар, туку како непријател. Како обележан. Како оној што удри по гроб – и го разбуди живиот.
Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.
Ова нема да помине. Ова ќе ти се врати. Не како текст – туку како живот. И нема крај додека ние не кажеме дека е завршено.
Клетвата си ја заработи. Осветата ќе си ја добиеш. Секој што ќе го носи моето име – ќе знае што направи ти. А и ти ќе знаеш: го направи на погрешни луѓе.
Од ВМРО-ДПМНЕ утрово испратија реакција со осуда за говорот на омраза на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараат итна разрешница.
Драган Павловиќ Латас Костадин Костадинов поткаст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.