Советот за безбедност едногласно гласаше за построги санкции против Северна Кореја кои се однесуваат на нуклеарната тајна програма, неколку часови откако Пјонгјанг се закани со можен превентивен нуклеарен напад, јавува Си-Ен-Ен.
Американската амбасадорка во Обединетите нации Сузан Рајс, по гласањето изјави дека ќе бидат тешки санкциите за Северна Кореја. Тие се однесуваат на севернокорејските дипломати и финансиските трансакции, како и трговците на оружје со Пјонгјанг кои се веќе на црната листа.
Кина пак, клучен сојузник на Северна Кореја, иако можеше да го искористи своето право на вето за да ги блокира санкциите, го потпиша финалниот драфт, повеќенеделни преговори.
“Кина е земја на принцип”, изјави кинескиот амбасадор во ОН, Ли Баодинг. “Ние сме цврсто посветени на зачувување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров”.