Светот доживува радикални промени, либералниот модел на глобализација е застарен, а униполарниот систем на меѓународни односи е минато, оцени рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето преку видеоконференциска врска на самитот на БРИКС што започна денеска во Рио де Жанеиро. Според него, БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток.
Нов, праведен светски поредок го заменува униполарниот систем изграден во интерес на „златната милијарда“, а БРИКС во односн а економските параметри значително ги надминува другите пактови вклучувајќи ја и „Г7“, каде што вкупниот бруто домашен производ според податоците за 2025 година, е всушност за една четвртина помал според Путин.
Тој истакна дека либералниот модел на глобализација формиран од Западот ја надживеал својата корисност, а префрлањето на деловната активност кон земјите во развој поттикнува силен економски раст, вклучително и во БРИКС.
Промената во глобалниот економски поредок продолжува да добива на интензитет. Сè укажува дека либералниот модел на глобализација станува застарен. Униполарниот систем на меѓународни односи што им служеше на интересите на таканаречената златна милијарда станува минато. Земјите од БРИКС сочинуваат не само една третина од копнената површина на Земјата и речиси половина од населението на планетата, туку и 40 проценти од светската економија, а нивниот вкупен БДП по паритет на куповна моќ веќе достигна 77 трилиони долари – ова е според податоците на ММФ за 2025 година. Патем, според овој индикатор, БРИКС значително ги надминува некои други асоцијации, вклучително и Групата на седумте“, рече рускиот претседател.
Организацијата ја основаа Бразил, Русија, Индија и Кина, на кои подоцна им се придружи и Јужна Африка, а во 2024 година, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија, ОАЕ и Аргентина станаа членки на БРИКС.