Денеска во светот се одбележува Денот на планетата Земја, а по тој повод и во Македонија се организирани неколку настани.
Во Народната канцеларија на Претседателот на Македонија ќе се одржи “запознавање“ со минерали и кристали од светот и од Република Македонија, меѓу кои и македонскиот рубин.
Според еден од организаторите и промотор на македонскиот рубин Дејан Шкартов, презентацијата ќе овозможи нов пристап кон сознанието колку природните минерали се присутни во нашиот секојдневен живот.
Идејата за Денот на планетата Земја произлегува од поранешниот американски сенатор од Висконсин, Гајлорд Налсон, кој во 1970 година го предложи ова чевствување, откако година дена претходно дојде до големо излевање на нафта во Санта Барбара, во Калифорнија.
Обединетите нации(ОН) на Конференција за животната средина во 1992 година 22 април и официјално го прогласија како Ден на планетата.




