НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

0
By Marija Todorovska on July 8, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се уште не предложила наследник за членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа, чиј мандат истекува утре, бидејќи како што вели, ја критикувала работата на овој Судски совет, како и, посочи, лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни. Вели дека ќе го почека донесувањето на новиот закон за судски совет во Собранието.

Не, не го сторив тоа, јас ја критикував работата на овој Судски совет, една од причините за Судскиот совет и за судството, е и лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни, овозможуваа политизација и партизација во Судскиот совет, говорам не само за двајцата членови, кои според Уставот јас ги предлагам, туку и за оние од Собранието, како и оние коишто се избираат од самите судии, рече Сиљановска Давкова.

Потсети дека по Оценската мисија на ЕУ било заклучено дека една од најважните реформи во судството треба да биуде прво разговор со експерти по уставно, по казнено право.

Сугерирано ми е, и мислам дека е тоа во ред, да го почекам донесувањето на законот, министерот тврди дека тоа ќе оди брзо, решенијата од новиот закон се многу построги, попрецизни, појасни… Работата на советот минус еден член, нема да го оневозможи одлучувањето, бидејќи знаете дека одлуките се носат со осум члена од петнаесетте. Кога мерам јас не би сакала во последниот воз или налет по стариот закон каде што не е јасно што е тоа истакнат правник, а да не говорам и за самата постапка, таа не е конкурентна, не е компетитивна, со еден кандидат е, има решенија кои што мислам дека е добро секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет, потенцира Сиљановска Давкова.

Таа оцени дека има бројни измени во законот, коишто според неа се квалитетни.

На пример во сегашниот закон за професори по право или за луѓе од професорската струка, покрај магистратура, докторат се бара и правосуден испит, едно многу чудно решение, кое оневозможува навистина да се одлучите за луѓе кои со своето знаење дигнитет и интегритет би можеле да влијаат. Посебно важно е што во новиот закон и во самата постапка има големи измени, рече претседателката, одговарајќи на новинарски прашања на настанот на Комисијата за заштита од дискриминација „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“.

Информира дека денеска ќе го испрати писмото до претседателот на Собранието, со образложение дека ќе го почека новиот закон.

Денеска ќе го испратам писмото до претседателот на Собранието, бидејќи Собранието го врши изборот, со причините заради кои мисолам дека кога мерите, е подобро да го почекате донесувањето на новиот закон бидејќи по него сите други ќе се регрутираат, односно избираат, одошто на некој начин да го легитимирате и законот што жестоко сте го критикувале, ама и работата на Судскиот совет која не би сакала уште еднаш да ја оценам, рече претседателката.

Членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа беше избран во Собранието 9 јули 2019 та на предлог на поранешниот претседател Стево Пендаровски.

милјазим мустафа Сиљановска Давкова Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.