НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тек аманадманската расправа за ребалансот, Јанкуловски апелира предлагачите да не се изнесуваат тези за наводно дискриминирање на општините

0
By Marija Todorovska on July 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.Во текот на претресот во кој ниту еден амандман не беше прифатен, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски им порача на предлагачите да не изнесуваат тези дека се врши некаква дискриминација врз општините, зашто целта на Владата е, напомена, сите сфери во државата да бидат поддржани.

Нашата цел е сите дејности во државата да бидат обезбедени: образование, земјоделство, полиција, здравство, екологија,… Да не обвинувате дека правиме селекција или дека и даваме предност на една општина во однос на друга, истакна Јанкуловски, потсетувајќи дека со двата јавни повика за општините се обезбедени пари со најголем обем досега во историјата на Македонија.

Реагирајќи на амандамните што беа отфрлени, Елми Азири од Алијанса за Албанците рече дека ребалансот е социјален, политички и повеќе финансиски од економски, со селективни инвестиции за локалните избори.

Граѓаните немаат потреба од ребалансот и од распределбата на овие средства. Во една година Владата зема заеми, еднаш милијарада, втор пат шест милијарди евра, а граѓаните имаат потреба од финансирање на нивните елементарни потреби. Овој ребаланс е школски пример како се прави распредлеба на средства по политички партиски и етнички критериуми и по основ на бизнис интересите, оцени Азири.

Расправата по ребалансот во Комисијата за финансирање и буџет почна на 2 јули, а треба да трае десет дена.

Ребаланс на буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.