Каја Шукова: Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта. Владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан е Договор со ЕУ на македонски јазик што самото по себе кажува дека во однос на идентитетот и на јазикот нема што да се дискутира. Ние знаеме кој народ сме, ние знаеме на каков каков јазик зборуваме, Европа го призна тоа Обединетите нации го признаа, а секогаш имало и ќе има такви коишто ќе се обидуваат да разгоруваат национални прашања и во Македонија и пошироко на Балканот.
Извор: ТВ 24