Published: Thursday, April 23, 2015 11:58
Поради две ерупции на вулканот Калбуко, најмалку 1.500 луѓе биле евакуирани во јужниот дел на Чиле.
Првата ерупција се случила вчера а утринава втората, по што била прогласена тревога а населението во радиус од 20 километри било превентивно евакуирано.
Алармантна состојба била прогласена и на јужниот дел на Аргентина, околу 100 километри од вулканот.
Вулканот Калбуко не бил активен 43 години.




