НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

0
By Zoran Ivanov on July 17, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

lu- ping / Зоран Иванов

 Кога еден министер за да покрие криминал бара оправдување во фактот дека дивоградби немало само во една општина туку имало во целата држава и кога друг министер во влијателно министерство одговорно да сузбивња криминал на темата дивоградби изјавува дека ќе се рушеле тие диви што биле небезбедни и притоа, очигледно дека не алудира на семејни домови туку на комерцијални, на профитни стамбени згради, тогаш толку од власта.

Толку од владата.

Ништо од државата.

Ич од ваква Македонија.

Констатацијата на првиот министер и планот на вториот министер, преведени во порака, имплицитно би гласела:

“Градете диво, градете криминално ама бар ѕидајте побезбедно”.

Автори на вчера и денеска изречените констатации и пораки се министрите Изет Меџити и Панче Тошковски па, ако навистина сме држава, а тие се нејзини актуелни управувачи и доколку веќе утре нивниот шеф, премиерот Мицкоски, не отвори постапка за нивно разрешување, тогаш тоа недвосмислено упатува дека да се гради на диво е владина политика.

Дека е државна криминална политика.

И дека оваа влада и овие партии на власт, Македонија ја прават криминално елдорадо.

И дека веќе ја стокмија како последно балканско дувло во кое криминалот и безаконието стануваат државни политики.

Криминал и безаконие како неминовен производ на ветените коалициските партиски доктрини на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.

Туку, ќе заборавев, Изет, Панче, Христијан, од тоа гајбите по зградите на диво, има ли некоја поевтино? За пријател прашувам.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.