НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платформа за родова еднаквост: Укинувањето на член 96 од Законот за полиција е опасен чекор наназад

0
By Marija Todorovska on July 17, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост и остро се спротивставува на предложените измени на Законот за полиција, веќе доставени до Собранието на Република Северна Македонија, со кои се предлага бришење на членот 96 – единствениот член што експлицитно го утврдува принципот на еднаквост и правична застапеност при вработување во полицијата.

Член 96 од важечкиот Закон за полиција гласи:

(1) При вработувањето во Полицијата треба да бидат соодветно и правично застапени граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
(2) При вработувањето во Полицијата да се почитува принципот на еднаквост на половите.

Со ваквата измена не само што се укинува единствената правна одредба која се повикува на родова еднаквост и инклузивност во полициската структура, туку се отвора простор за легитимирање на дискриминација, структурна нееднаквост и понатамошно маргинализирање на жените и заедниците кои и онака се слабо застапени во безбедносните институции, реагираат од Платформата,

Според нив оаа измена доаѓа во исклучјително чувствителен момент – време на сериозни предизвици за јавната безбедност и растечка недоверба кон институциите. Тие потсетуваат дека во изминатите денови, сведоци сме на бран насилства, меѓу кои и фатален случај во Прилеп и вознемирувачки вербални и физички напади врз жени на јавни функции – инциденти што дополнително го актуелизираат прашањето за ефикасноста и пристапот на полицијата кон заштитата на основните права и безбедноста на граѓаните.

Наместо да се вложуваат напори во унапредување на стандардите за отчетност, професионализам и инклузивност, се предлага уназадување на клучна законска одредба. Тоа не само што е спротивно на националните стратешки определби, туку директно ги нарушува и меѓународните обврски на државата, вклучително и Истанбулската конвенција и Повелбата за основни права на Европската Унија, стои во реакицјата на Платформата за родова еднаквост.

Сметаат дека со ова, се испраќа опасна порака дека рамноправноста и правичната застапеност се секундарни, а не основни принципи на демократија, безбедност и човечко достоинство.

Жените, како и припадниците на сите различни заедници во општеството, имаат право да бидат еднакво вклучени во институциите што постојат за да ги штитат. Без нивно системско присуство, нема ниту правична заштита, ниту доверба, ниту вистински сервис за сите граѓани.

Бараме итно повлекување на измените со кои се укинува членот 96, како и јасна институционална заложба дека принципите на еднаквост, инклузивност и недискриминација остануваат неприкосновени темели во изградбата на ефикасна, одговорна и праведна полиција, истакнуваат тие.

Платформа за родова еднаквост член 96
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.