Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен заедно со Бугарија, преку бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која, рече, „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик … и да почнеме да испорачуваме“, рече Мицкоски вечерва во интервју за ТВ Канал 5.
Според него, предлозите „сегашен“ и „модерен“ не се ништо освен асимилација.
Ако е цената e асимилација, не фала, не сакам. Како да бидам политички аналфабет, како некој пред мене, и да прифатам нешто без да знам дека на крајот ќе има јасен крај. Како ќе излезам пред граѓаните? Јас не сакам да ја платам таа цена, мислам дека е преголема, без да има испорака од двете страни. Јас сум политичар со легитимитет добиен од граѓаните … Сите сме за ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Овој народ и оваа држава дала премногу како никој друг и на граѓаните им е преку глава од таков тип политика „сега или никогаш“- Секогаш сум им велел да направивме елементарен чекор – да се обидеме во Европарламентот со мнозинство гласови да донесе одлука или резолуција, или ќе биде дел од извештај, со кој јасно ќе се признае како посебен македонски јазик и идентитет … Она што можеше Европа да види дека не е само промена на Уставот единствено нешто да направиме за да може да продолжиме, впрочем многу влијателни фигури во Бугарија тоа го кажуваат, рече Мицкоски.
Според премиерот, изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени, не е точна, бидејќи „и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме“.