Поранешниот директор на американската разузнавачка агенција ЦИА, генералот Дејвид Петреус е осуден на две години затвор условно и 100.000 долари парична казна поради оддавање доверливи информации на љубовницата која ја пишувала неговата биографија, објави министерството за правда на САД.
Тој ја признал вината дека без дозвола земал и задржал некои доверливи документи, како и дека ги лажел ЦИА и ФБИ за поседување и користење класифицирани информации, наведе државната обвинителка Џил Вестермореланд Рос во соопштението.
Претходно во јануари годинава весникот New York Times пишуваше дека Петреус наводно му дал до знаење на државното обвинителство дека не е заинтересиран за спогодба, којашто би му овозможила избегнување на судскиот процес.
Петреус ја напушти ЦИА во ноември 2012 година, кога неговата афера беше објавена во јавноста. Освен што беше на чело на разузнавачката агенција, Петреус е еден од водечките американски воени команданти, кој водеше неколку американски единици во Ирак и во Авганистан




