НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идеја за резолуција или двојна игра?

0
By Zoran Ivanov on July 21, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ со тапавиов (или саботерски!) политички театар игра со фалшлива премиса дека Бугарија нема да прифати, па ќе има билет за космички глупава изјава од вид: „Еве, пробавме, Бугарија не соработува, па затоа нема уставни измени.“  Од друга страна – многу убаво што ВМРО-ДПМНЕ го чувствува притисокот од народот за отварање на Првото Поглавје – за правда, средување на судството, администрацијата и тендерите, па мора да смислува „резолуции” за да ги одлага уставните измени.

Емилија Целакоска

Идејата на џуџето од Недојдија е саботажа врз Македонија. ВМРО-ДПМНЕ се или тотално неписмени што значи таа идеја, или се согласни и орни за национална саботажа.

Предлогот не само што не е сериозен, тој не треба на оваа територија ни да постои како идеја, а камоли да се поттикнува да се стави во Собранието.

Опозицијата, кога веќе на власта мозокот ѝ е на пасење или во рацете на ѓаволот, не би смеела да кокетира со никаква бланко „апсолутна поддршка” по прашање на туѓ потпис врз македонскиот јазик. Што сега,

македонскиот јазик ќе постои откако Бугарија ќе се согласи?! Докторе, каква апсолутна поддршка ем на нероден Петко, ем не е Петко туку Јуда? Од ВМРО-ДПМНЕ со тапија се нетокму, секој ден им ги гледаме будалиите што ги изјавуваат, каква „апсолутна поддршка”, ви се молам?!

Ова е опасен преседан. Во здрава нога – постојната комплетна европска верификација, да се става трн на зависност – од Бугарија?! Па, џуџето ѝ дава шанса на Бугарија пак да си ги излиста сите „услуги” што ги бараше од нас со Објаснувачкиот меморандум. Се сеќава некој на таа лепешка?

Бугарија будала ли е да потпише резолуција, а да не бара таа да важи како крајна рамка за идните односи? Тоа отвора рана за постојана интерпретација: „Дали Македонија ја почитува резолуцијата или не?“

ВМРО-ДПМНЕ со тапавиов (или саботерски!) политички театар игра со фалшлива премиса дека Бугарија нема да прифати, па ќе има билет за космички глупава изјава од вид: „Еве, пробавме, Бугарија не соработува, па затоа нема уставни измени.“

Од друга страна – многу убаво што ВМРО-ДПМНЕ го чувствува притисокот од народот за отварање на Првото Поглавје – за правда, средување на судството, администрацијата и тендерите, па мора да смислува „резолуции” за да ги одлага уставните измени. До грлец стасало изгледа. Но, ако смислиле „по старо” пак да се прикажат како рационален „бранител на македонштината“, сега нека си се преиспитаат да не е тоа „бугарштина”, некако премногу „мирис” пушта овој отпад од идеја за резолуција. Оти, некои од нив, од колнење во корените може и да се збунети.

Ова е облик на двојна игра – да изгледаат проевропски, додека суштински блокираат. Но, тапави или не – апсолутно е саботажа. „Апсолутна поддршка” на очигледна саботажа на основата на македонската нација?!

Од Фејсбук ѕидот на авторката

Емилија Целакоска колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.