Ангелина Апсис: Патриотизам не е само да го ставиш знамето, грбот, химната. Вистински патриотизам е да го фрлиш ѓубрето во корпа, да ги почитуваш возрасните и да ги почитуваш послабите од тебе. Да ги почитуваш оние кои размислуваат поинаку од тебе. Патриотизам е кога нема повеќе да има заштита на велосипедските патеки, затоа што тие ќе бидат загарантирани за нив. Да ги почитуваш велосипедистите и пешаците и секое дрво, цвет. Патриотизам е да го чуваш културното наследство како очите во главата. Затоа што, сѐ е таму. Шумите, реките и езерата да ги сакаш како свои деца. И кога ќе го ставиш нашето знаме, грб или химна сите да знаат дека сѐ што е во него, до последен здив ќе го браниш.
Нека ни е цврста како камен и лесна како птица таа љубов.
Честит ИЛИНДЕН!
Извор: Фејсбук