НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Илинден 2025: Партиски демагогии и државнички патологии  

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Ако се исклучат и годинешниве илинденски говори добро зачинети со куп лицемерие за некакво единство и слични демагогии, останува горчливиот вкус дека нашево актуелно водство не сака во ЕУ.

Денеска јасно кажаа дека не им треба ЕУ, дека ич не се заинтересирани за европските цивилизациски вредности, дека немаат намера да влезат во битките за ЕУ интеграциите, дека отстапија од борба и дека немаат намера да стапнат на тоа ЕУ „бојно поле“ за таму да се избориме и за ЕУ и за македонските национални интереси, па, еве, да вулгаризирам малку, и за македонскиот национален идентитет.
Од Претседателката па надолу, сите во своите поводни илинденски говори ја следат линијата на нерешителност.
На страв од битки.
На повлекување пред интегрициските па, еве, нека им е, и од идентските пречки.
Исплашени се и нерешителни да влезат во сурвите, многу често и спрема нас Македонците и Македонија и историски и актуелно, непринципиелни, неправедни па и непријателски однесувања на суровите европски бирократи.
Денеска од сите празнични илинденски пунктови државниот врв, преведено на некаква пикасова едноставност, порачаа дека или ЕУ треба да се вразуми или ние не играме со нејзините неправди.
И тоа, вака, на прва и популистички, убаво звучи, милува на уши.
Стамено, гордо, храбро, патриотски.
А всушност, зад параванот на тие и таквите наводни смели, строги па и херојски пораки дека додека „тие“ не се вразумат и додека „тие“ не се држат до своите прокламирани принципи и критериуми, ние не играме со нив.
Фино прозвучија ама реалноста е поинаква.
Реалноста е сурова и таа бара битки.
До целите до кои Македониј сака да стаса, нужни се битки.
Не напуштање на теренот што денеска од Претседателката од Мечкин Камен па надолу, декларираа нашите од актуелниот државен врв.
Никој од нив не спомна дека не чекаат битки, туку дека другите се неправедни, непринципиелни, дека си газат врз сопствените принципи, дека …, бла, бала.
А што фајде од тие и таквите констатирања, обвинувања, пораки.
Што фајде од тоа ќе имаме ние, еве ние Македонците и што од тоа ќе има нашата Македонија?
Што? Докажано ништо!
Очекувавме денеска да ни ветат битки.
Да ветат дека смело ќе влетаме на ЕУ теренот и дека таму пред сите ќе „војуваме“ за нашата кауза, за нашите правични интеграции.
Имаа можност но тоа денеска, на големиот Илинден, не го сторија.
Кукавичлук ли е, пресметливост ли, можеби прикриени анти ЕУ агенда, можеби поинакви интерерси, од тие на ЕУ, можеби …
Не знам. За ова времето, за ваквиот дефетизам, ќе суди бргу и некако и ќе пресуди.
Едно е јасно. ЕУ, таа никаква, непринципиелна, спрема нас напати дури и непријателска, ни го покажа и ни го отвори фронтот.
Ни го отвори патот до нејзината влезна врата и, …., и нашиве кидавела.
Наместо да влезат во битка, фатија магла.
Нашиве од врвот државен денеска ја испуштија големата можност.
Испуштија на вистинскиот ден за смели, за храбри па и за херојски, макар и за ризични одлуки, да влетаат во битките европски.
Да најават дека одат на теренот каде што тие се водат и каде што единствено можат и да се добијат.
Ех. А вака колебливи да беа нашите Илинденци и нашите Асномци, да беа плашливи, нерешителни, да не истрчуваа на терените каде што се бијат битките за правдата и за својата вистина, ако како нашиве говорници денеска, беа двосмислени и пресметливи, денеска и на овој годинешен Илинден, ќе немавме држава и тие ќе немаа кому да му ги исчитаат своите кабинетски говори.
Помина и овој Илинден и жалното е што и денешниов горделив ден, наместо да е силен мотив за смели државнички чекори, заврши со дефетизми и со веќе слушнати партиски демагогии и со веќе видени државни патологии.

 

 

 

зоран иваноив колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.