Published: Monday, April 27, 2015 11:36
Над 30 патници се повредени, од кои неколкумина потешко откако утрово во Загреб се судрија патнички автомобил и автобус на градскиот превоз. Според првичните информации, возачот на автобусот се обидел да го избегне сударот со автомобилот и притоа удрил во столб за јавно осветлување, пренесуваат хрватските медиуми.
Во тек се интервенции на итната медицинска помош и се врши полициски увид.
Несреќата се случила утринава околу 8 часот.




