Published: Monday, April 27, 2015 12:26
Бројката на загинати при земјотресот во Непал достигна 3.326 лица, соопшти денеска непалската полиција.
Според портпаролот на полицијата повредени се околу 6.505 лица, а најмногу настрадани има во престолнината Катманду, каде загинаа 808 и повредени се 2.400 лица.
Земјотрес со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала во саботата го погоди Непал. Потресот беше почуствуван и во северните држави на Индија, каде загинаа 60 и повредени се 250 лица, а исто беше регистриран и во Бангладеш и Мјанмар.
Според официјалните податоци, околу 90 лица загинале во Кина и во Индија. Во лавина предизвикана од земјотресот загинаа 18 лица на Монт Еверест.
Десетици илјади Непалци деновиве спијат на улиците.




