Претседателот на Украина, Петро Порошенко најави дека од првите луѓе на Европската унија ќе побара да се распоредат мировни трупи на источниот дел на земјата. Порошенко ова го најави за денешниот самит во Киев на Унијата и Украина.
Пред состанокот со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, Порошенко рече дека ваквото решение би бил моќен сигнал за поддршката на Украина и нејзините европски интеграции.
Како што известува агенцијата АФП, висок функционер од Брисел ги информирал дека барањето е пристигнато, но ЕУ на денешниот самит ќе инсистира на спроведување на реформи во Украина.
Денеска се одржува првиот самит откако Украина минатата година потпиша Договор за стабилизација и асоцијација.




